Адријано почна љубовна врска со студентка по медицинска која го одзема здивот (ФОТО)

Легендарниот напаѓач Адријано, познат по прекарот „Император“ ужива во новата љубов. Многумина не можат да прежалат што играчот не успеа да постигне повеќе во својата кариера, а причини за тоа беа контроверзите, пороците и начинот на живот кои не одат заедно со врвниот фудбал.

Сега ужива во пензијата и во друштвото на новата девојка, која е студентка по медицина. Станува збор за Викторија Мореира, на која бразилските медиуми долго време не можеа да и влезат во трага, додека не направи профил на Инстаграм.

Адријано се бореше и со депресија во минатото, но очигледно покрај Викторија си ја пронајде среќата.