Фабио Борини прави изненадувачки трансфер и се враќа во Премиер лигата

Фудбалерот на Хелас Верона кој блесна во овој клуб, Фабио Борини би можел да се врати во Премиер лигата во летниот преоден рок.

Италијанецот настапуваше во тимовите на Ливерпул и Сандерленд во Англија, а по неуспешната авантура во Милан блесна во Верона со што го привлече вниманието на неколку тимови од англиската лига.

За Борини постои интерес од Астон Вила, Кристал Палас и Њукасл кои се подготвени да го видат во своите редови.