Ивановски продолжува да ги тресе противничките мрежи – Новата жртва е Локомотив Загреб


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Славен Белупо несреќно загубија на домашен терен од Локомотив Загреб со 2:3.

Мирко Ивановски ги постигна двата погодоци за Славен Белупо на денешниот натпревар. Прво во 28-ма минута погоди за водство на домашните. Вториот погодок на натпреварот го постигна во 35-та минута за зголемување на водството на Белупо на 2:0. Во вториот дел беа катастрофални домашните фудбалери и примија 3 погодоци. На стартот примија два погодоци, Мајер намали, а Антуновиќ израмни. Пресвртот го направи Карачиќ во 55-та минута и ги постави конечните 2:3.

Мирко Ивановски во 8 кола има постигнато 5 погодоци и е втор најдобар стрелец во хрватската прва лига.