Приказна за големиот измамник кој играше во Премиер лигата: По пет минути знаевме дека тој е измамник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Сенегал, Али Диа, веројатно се смета за најголем измамник во историјата на светскиот фудбал.

Малкумина можат да се пофалат дека тој успеал да заигра во англиската Премиер лига, а тоа е кога успоал да потпише за Саутемптон во 1996. година.

По 24 години, Сенегалецот важи за најлошиот играч во историјата на англискиот фудбал, а неговото доаѓање го раскажа и тогашниот менаџер Грем Сунес.

Тој денес тврди дека знаел од почеток дека Диа е бескорисен.

“Тоа е смешна приказна. Не е точно како што сте ја прочитале или слушнале”, изјави Сунес за Скај Спортс, додавајќи:

“Некој од клубот доби повик дека братучед или внук на Џорџ Вех сака да дојде на проба. Мет (Ле Тисиер) ќе ви каже дека имавме многу играчи на проба за време во тој период. Така го добивме и Ејал Берковиќ”, раскажува Сунес.

“Тој човек се појави. Немавме доволно играчи, но можеме да видиме после пет минути дали некој знаеда игра. Тој беше лош, но немавме доволно играчи. Во текот на неделата многу играчи ни се повредуваа, а Мет беше нашиот единствен здрав напаѓач и против Лидс Мет се повреди после 20 минути. Скаутот Тери Купер ми соопшти дека Али Диа е на клупата. Најлошото нешто што може да се случи е тој да што влезе и да биде очаен. Знаевме по пет минути на тренинг дека е лош, но ова е добро приказна “, рече Соус.

Тогаш се вклучи и поранешниот напаѓач на Саутемптон, Мет Ле Тисиер.

“Искрено, јас мислев дека победил на некое натпреварување и дека добил награда да тренира со нас. Кога тој се појави во соблекувалната во саботата, мислев дека ќе одржи одличен говор. Таа недела ги истегнав мускулите со изведување на пенали и мислев дека ќе бидам здрав. После 20 минути морав да излезам надвор, и беше грешка да ме заменат како веројатно најлошиот играч во историјата на Премиер Лигата “, изјави Ле Тисиер.

По 14 дена во Саутемптон, Диа беше отпуштен, а потоа играше во клубовите од пониските лиги. Тој има наследник на теренот, а неговиот син Симон игра на Тајланд.