Откриена вистинската причина зошто Роналдињо бил во Парагвај, не бил таму за хуманитарен турнир во мал фудбал

Пред речиси два месеци Роналдињо беше уапсен во Парагвај поради лажирање на патна исправа и одреден период помина во затвор.

Тогаш медиумите застанаа во одбрана на Роналдињо и посочија дека фудбалерот заминал во таа земја за да игра на хуманитарен турнир во мал фудбал.

Сепак, бразилските медиуми денес објавија дека Роналдињо не ја зборувал вистината и дека во Парагвај се упатил за да учевствува на турнир во покер организиран од „Винпокер“.

Познато е дека Роналдињо е голем љубител на „коцката“  и дека токму поради тоа потроши речиси се што заработи во својата кариера.