Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Екипата на Милан би требало да се врати на тренинзи во четврток или петок. Откако италијанската влада им дозволи индивидуални тренинзи на фудбалерите во тренинг центрите, екипите почнаа да се собираат и да се подготвуваат за продолжението на сезоната.
Веќе неколку клубови како Рома, Сасуоло, Болоња и Парма ги закажаа враќањата на тренинзите, а сега тоа ќе го стори и Милан.
„Росонерите“ од утре ќе одат на задолжително тестирање, а откако ќе бидат познати резултатите се очекува фудбалерите да почнат со индивидуални тренинзи во четврток или петок.
Индивидуалните тренинзи ќе траат до 18 мај кога ќе биде дозволено тренирање и во групи.
Сепак за целата оваа ситуација конечен збор ќе има владата на Италија која во среда ќе одлучи што ќе се случи со спортските натпревари и дали ќе го следи примерот на Франција која забрани секакви собири до месец септември.