Барселона се потсети на мајсториите на Лионел Меси (ВИДЕО)

Барселона секој ден на својот официјален профил на Твитер објавува гол на денот, од кои повеќето се мајстории на Лионел Меси.

Овој пат, каталонскиот клуб потсети на мечот помеѓу Севиља и Барселона што се одигра на 17. март 2012. година. За Барса, гостувањето кај Севиља е една од најтешките во сезоната, но тој ден немаа никакви проблеми.

Барселона славеше на гостински терен со 2-0, а натпреварот го одбележа Лионел Меси кој постигна еден од најубавите голови во кариерата.