Пол Инс со совет до Манчестер Јунајтед околу Пол Погба


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Инс упати совет до Манчестер Јунајтед поврзан со Пол Погба.

Според Инс, „ѓаволите“ треба што поскоро да се ослободат од Французинот кој очигледно не ја гледа својата иднина на „Олд Трафорд“.

„Она што е разочарувачки е начинот на кој тој се однесуваше, неговото однесувањеи перформансите се одразија на тоа што неговата иднина е несигурна. Перформансите на теренот, плус неговото однесување надвор од него, со сите коментари на неговиот агент, тоа не е добро за клубот. Ако Оле сака да го носи клубот напред  тогаш испадите на Погба може да бидат санкционирани. Тоа е штета затоа што тој можеше да биде најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед. Одлуката мора да се донесе и истата мора да е брза затоа што не можеме да си дозволиме уште една сезона со циркусот наречен Погба“ –изјави Инс.