Тајсон понуди реванш на човекот кој го нокаутира: Дефинитивно ја сакам таа борба!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мајк Тајсон ги воодушеви сите кога го најави враќањето во рингот.

И покрај тоа што има 53 години, Железниот Мајк сепак удира жестоко. Тоа го покажа на почетокот на тренингот, а неговата желба е да направи неколку егзибициски натпревари за добротворни цели.

Веднаш се појавија многумина кои би сакале да боксуваат против Тајсон, а меѓу нив е и човекот кој го нокаутираше на самиот крај на својата кариера.

Британецот Дани Вилијамс (54-28) го нокаутираше Тајсон во претпоследниот натпревар од неговата кариера во 2004. година. Тој сега сака да му понуди реванш и е подготвен повторно да влезе во рингот со него.

“Можам да потврдам дека моите агенти стапија во контакт со Тајсон. Чекаме одговор, но тоа е борба што дефинитивно ја сакам. Заинтересиран сум за нов меч против Тајсон”, изјави Вилијамс.

46-годишниот боксер имаше само три порази кога го совлада Тајсон. Сепак, тој оттогаш загуби многу борби и сигурно новиот меч со Железниот Мајк ќе му донесе огромна популарност.