Рамос: На Шпанија му треба фудбалот како економска помош, но и луѓето да се вратат во секојдневниот живот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во Шпанија во претходните денови се појавени неколку случаи на коронавирус меѓу фудбалерите на клубовите во Ла Лига, но тоа не ги менува плановите за продолжување на сезоната.

Сите клубови беа тестирани минатата недела, а појавени се и неколку случаи на вирусот. Играчите кои тестирани позитивно се во изолација, но тоа не ги менува плановите на лидерите на Ла Лига.

Тимовите продолжија да тренираат по двомесечна пауза, а се повеќе е веројатно дека Ла Лига ќе продолжи кон средината на следниот месец.

На крајот на краиштата, зборуваше и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, велејќи дека државата едноставно треба да дозволи да продолжи фудбалот со цел да го одвлече вниманието на луѓето од сите настани што се предизвикани од пандемијата на коронавирус.

“На државата му треба фудбалот како економска помош и на луѓето им треба нешто за да ги одвлечат од коронавирусот. Не можам да дочекам да започнам со играње. За Ла Лига да може да се игра нормално мора да бидеме дисциплинирани да го елиминираме овој вирус, а сигурен сум дека можеме.” рече Рамос.