Поранешен играч на Реал Мадрид уапсен поради трговија со дрога


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Едвин Конго е уапсен утрово во голема полициска акција за разбивање на мрежа за шверц на кокаин.

Шпанската полиција уапси десет лица, а меѓу останатите приведен е и Колубмиецот кој некогаш беше под договор со Реал Мадрид.

Иако три години беше член на „кралевите“, не забележа ниту еден настап за овој клуб, а минутажите ги бараше на позајмици.

Освен во Реал играше и за Ваљадолид, Леванте, Спортинг Хигон, Рекреативо, како и Тулуз од Франција и Гимараеш.

Конго денес работи за спортскиот медиум „Ел Чирингито“, а редовно добива повици и за настап во тимот на Реал Мадрид составен од ветераните на клубот за натпревари организирани за хуманитарни цели.