Сколс откри дека Роналдињо бил пред трансфер во Манчестер Јунајтед: Мислев дека менаџерот го договори…


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изјави дека клубот бил многу блиску до ангажман на Роналдињо.

Тогаш бразилскиот ас играше за ПСЖ, но во последен момент се одлучи да се пресели во редовите на Барселона

„Се сеќавам дека две или три големи ѕвезди требаше да дојдат. Мислам дека еден кој се истакнуваше беше Роналдињо. Не можам да се сетам на годината, но јас навистина мислев дека менаџерот веќе го договори.

„Тој беше на претсезонски подготовки, а ние бевме блиску до објавување на трансферот, дури беше подготвен и бројот кој ќе го носи, но на крајот тој го промени мислењето и во последен момент потпиша за Барселона“ –изјави Сколс.