Дембеле во Манчестер Јунајтед за 70 милиони евра?

Манчестер јунајтед наводно го договорил трансферот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Според европските медиуми, Јунајтед договорил трансфер вреден 70 милиони евра со Лион и се очекува наскоро овој 23-годишник официјално да стане играч на гигантот од Олд Трафорд.

Дембеле во последниве месеци се поврзуваше со Црвените ѓаволи. Сепак, трансферот не е завршен, но се чини дека сега сè е конечно решено.

Муса Дембеле е член на Лион од 2018. година. Тој претходно играше за Селтик и Фулам, а ова треба да биде негово враќање во Премиер лигата.

Оваа сезона одличниот напаѓач игра феноменално и има постигнато 22 гола на 42 настапи за Лион. Тој додаде уште седум асистенции на овој настап.