Татко и син на дело: Роналдо во акција со син му (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо има 35 години и се наоѓа пред крајот на кариерата, но семејството Роналдо мора да се грижи за фудбалската иднина. Тука е Кристијано јуниор, кој веќе почна да постигнува голови како татко му.

Португалецот Роналдо пред неколку дена се врати во Торино заедно со семејството. Фудбалерот на Јувентус беше на сигурно во својот дом и до последен момент се чекаше враќањето во Торино.

Роналдо мора да биде во 14-дневен карантин, а потоа ќе им се приклучи на соиграчите на тренинг. А дотогаш тој пронајде свој нов соиграч и партнер за тренинг.

Кристијано ги одработува тренинзите во својот луксузен дом, а друштво му прави синот Кристијано Јуниор, кој игра за младинскиот тим на Јувентус.