„Чував стража пред тоалетот додека Мајк Тајсон и Наоми Кембел беа внатре“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот менаџер и пријател на Мајк Тајсон, Рори Холовеј, тврди дека некогаш познатиот американски боксер беше исклучително слаб на припадничките на поубавиот пол.

Во својата книга, Холовеј наведе неколку интересни детали од животот на славниот боксер, и уште еднаш го потврди она што отсекогаш било познато – жените биле негова слаба точка.

“Знаев дека никој во рингот не може да го запре. Тој можеше да падне само заради неговата слабост на жените. Никој не можеше да ги промени своите одлуки.”

“Една ноќ го гледав и останав во неверување кога го видов со Наоми Кембел. Во еден момент тој ми рече дека мора да одам во тоалетот и потоа и таа влезе по него. Јас морав да го чувам со нивните кучиња и да им велам на сите дека тоалетот е зафатен “, рече тој.

Тајсон секогаш можеше да избере жени со кои ќе спие, но помина извесно време во затвор за силување на Десири Вашингтон.

„Бев да го посетам, а чуварите ми рекоа дека не можам да одам кај него, бидејќи девојки стоеја во ред да го посетат. Тој имаше повеќе жени во затвор отколку кога беше надвор“, рече Холовеј.