Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Документарецот „Последниот танц“, кој зборува за кариерата на Мајкл Џордан, ги открива и лошите страни на легендарниот кошаркар.
Последната титула што Булс ја освоија со Џордан беше во 1998. година, откако во финалната серија го совладаа Јута Џез со 4:2.
Џо Клајн во тоа време имаше 36 години и беше при крајот на кариерата. Тој не играше често во плеј-офот, но на крајот го доби прстенот како и сите други играчи.
За време на прославата, кошаркарот кој во регуларната сезона одигра 46 натпревари таа сезона со два поени во просек, плачеше од среќа.
„Зошто плачеш? Јас сум човекот што играше и ти го донесов рингот“, му рекол Џордан на Клајн кога го видел како плаче.
Клајн остана уште во Биковите уште една година, по што играше за Феникс Санс и Портланд Трејл Блејзерс. Тој ја заврши кариерата во 2000. година.