Хуман потег: Кристијано Роналдо донира за мало девојче од Србија!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Софија Маркуљевиќ боледува од тешка болест и ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо реши да помогне. Тој го донираше дресот, кој го носеше во мечот против Милан на 11 ноември 2018 година, кој веднаш беше ставен на аукција.

Парите собрани од аукцијата ќе биде искористени во лекувањето на малото девојче од Србија.

„Во цела ситуација ги користам сите познанства и контакти кои ги имам, па така контактирав и ден пријател кој живее во Германија и го познава Кристијано. Побара било како да помогне во собирањето на пари, па така ни донираше еден негов дрес. Сепак, дресот не е доволен за да собереме колку што ни се потребни пари, но благодарни сме поради тоа“, кажа таткото на девојчето во интервју за српски портал за Јувентус.