Алексис Санчез се враќа во Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус ова лето има намера да направи тим кој ќе има големо достигнување во Европа.

Раководството сака да го доведе напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез. Алексис стигна на Емирати од Барселона, но после две сезони би можел да го напушти Емирати.

Чилеанецот оваа сезона постигна 17 погодоци во сите натпреварувања за лондонскиот клуб и додаде 11 асистенции. Ако Арсенал одлучи да го продаде би можел да заработи 55 милиони евра.

Алексис има искуство во Серија А бидејќи пред Барселона дресот го носеше на Удинезе. Јуве ќе му понуди годишна плата од 4.2 милиони евра.