Креативната насловна на Тутоспорт со sвездата на Јувентус стана хит


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Заминува или не, сè уште не е познато, но мора да признаете дека има исклучително креативни уредници во Тутоспорт.

Во денешниот број, весникот од Торино на насловна го „смести“ Гонзало Игуаин, напаѓачот на Јувентус, кој сè уште не пристигнал во Торино. Тој одработи карантин, но неговата иднина сè уште е во прашање.

Тој се поврзува со поранешниот тим Ривер Плата, амбициозниот Њукасл, со некои екипи од САД, па прашање е дали воопшто ќе остане во Јувентус, кој наводно е разочаран од неговото „привремено исчезнување“.

Игуаин се врати во Аргентина на почетокот на пандемијата на коронавирус да биде со својата болна мајка, но сè уште не е пристигнат во Торино за да се подготви за остатокот од сезоната.

„Игуаин“ или „Игуаут“, се поставува прашањето …

Заедно со Игуаин, тема на денот во Италија е фактот дека на 22. мај, односно денес, беа освоени три титули. „Денот на шампионите“ го прогласија Италијанците, алудирајќи дека Милан беше европски шампион по победата над Бенфика, Јувентус во 1996. година по победата над Ајакс и Интер во 2010. година по победата над Баерн.