Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските тимови денеска го играат мечот од 28. коло на германската Бундеслига, а секако мечот кој привлекува најмногу внимание е меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен од 18.30 часот.
„Сигнал Идуна Парк“ од 18.30 часот ќе биде центар на фудбалскиот свет, на кој домаќинот ќе се обиде да го намали водството на Баерн на само еден бод во случај на триумф.
Баварците од друга страна сакаат да избегнат пораз, а со победа би стигнале на чекор до титулата во Бундеслигата.
Впечатокот е дека Дортмунд играше посигурно откако продолжи сезоната бидејќи победи со 2-0 4-0, додека Баерн славеше со 2-0 и 5-2.
Што се однесува до проблемите во тмовите, Борусија не може да смета на повредените Ројс и Шулц, додека не се знае ниту дали ќе настапи Санчо.
Во редовите на Баерн нема да ги има Кутињо, Шуле, Толисо и Алкантара.