МекГрегор нема да добие шанса да испише историја


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор, сè уште нема да добие шанса да се бори за трет појас во УФЦ.

Да потсетиме, пред неколку дена тој беше повикан од менаџерот на Камара Усман, Али Абделазиз. Неговиот клиент, попознат како “Нигериски кошмар”, е шампион на УФЦ во категоријата велтер и го чека неговиот следен ривал да ја одбрани титулата.

Конор претходно ги освои појасите во перо-лесна и лесна категоријата и ако успее да го стори истото во категоријата велтер, тогаш тој ќе беше единствениот борец што успеал да освои три појаси во историјата на УФЦ.

Сепак, првиот човек на организацијата Дана Вајт вели дека, барем засега, нема да има ништо од борбата помеѓу Камара и Конор.

„Следниот борец за борба против Усман ќе биде еден од наведените: Колби (Ковингтон), Масвидал, (Леон) Едвардс“, изјави Вајт за ЕСПН.

„Ќе биде еден од овие борци. Нема да биде Конор МекГрегор“, додаде тој.

Патем, Конор го одработи својот последен меч во УФЦ во јануари против Доналд Цероне токму во категоријата велтер.