Лаказет си оди од Арсенал, него го менува друг француски фудбалер

Напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет речиси сигурно ќе си оди од клубот по крајот на оваа сезона.

За францускиот напаѓач постои сериозен интерес од Интер и од Атлетико Мадрид, клубови кои сакаат да го видат играчот во своите редови.

Од Арсенал пак ги разгледуваат опциите за негова замена на „Емирати“, а прв пик ќе им биде напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Сепак, Арсенал ќе мора да се помачи за да го обезбеди потписот на Дембеле за кој голем интерес има и од Манчестер Јунајтед и Челси.