Емотивната порака на Санчо на Твитер откако тој постигна хет-трик на Падерборн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа Падерборн со 6:1 на гостински терен вчера во натпревар од 29-то коло од Бундеслигата.

Дортмунд одигра фантастичен натпревар, а зачудувачки е што ги видовме сите седум гола во второто полувреме. Фудбалерот на англиската репрезентација Џејдон Санчо беше брилијантен, постигнувајќи го првиот хет-трик во кариерата.

Сепак, Санчо не беше во многу добро расположение по натпреварот заради сите настани што ги тресат САД деновиве.

По вториот гол, тој покажа порака на маицата на која пишуваше „Правда за Џорџ Флојд“, кој беше убиен од американската полиција на улица пред неколку дена.

После тоа, масовните протести продолжуваат низ цела Америка, но и судири на улиците со полицијата. Санчо зборуваше по натпреварот и рече дека првиот хет-трик е горчлив вкус за него.

“Првиот професионален хет-трик. Горчлив момент за мене лично затоа што денес се случуваат многу поважни работи во светот. Мора да помогнеме во промените да се случат. Мораме да бидеме заедно и да се бориме за правда. Заедно сме посилни”, рече Санчо по натпреварот.