Игало и дефинитивно останува во Манчестер Јунајтед


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед постигна договор со Шангај Шенхуа за продолжување на договорото за позајмица на Одион Игало.

Нигерискиот фудбалер кој првично требаше да остане на „Олд Трафорд“ до 31 мај сега ќе остане во клубот до 30 јануари, 2021 година.

Игало одлично ја отвори кариерата во Манчестер Јунајтед и на првите осум средби веќе запиша четири погодоци, а потоа следуваше паузата предизвикана од коронавирусот по која неговата иднина беше крајно неизвесна.

Премиер лигата се враќа на 17 јуни, додека натпреварите во ФА Купот ќе продолжат на 27 јуни, па Игало ќе биде од голема помош на Манчестер Јунајтед.