ШОКАНТНО: Барселона чувала во тајност дека имале дури пет заразени играчи во своите редови?

По пауза од скоро три месеци, сезоната во шпанската Ла Лига продолжува на 12. јуни со дербито меѓу Севилја и Бетис.

Шпанците неодамна донесоа официјална одлука да ја продолжат Ла Лига на 12. јуни, а натпреварите ќе ги гледаме скоро секој ден. Тие направија комплетен распоред за да може лигата да се заврши до почетокот на август.

Се разбира, пред да започнат тренинзите, сите играчи и членови на првите екипи на шпанските клубови мораа да бидат тестирани неколку пати на коронавирус. Немаше многу заразени играчи во Шпанија, но РАЦ 1 пишува дека не сите клубови ја објавиле вистината.

РАЦ 1 синоќа објави дека има заразени лица во тимот на Барселона. Наводно, дури пет играчи и двајца членови на тренерскиот тим биле позитивни во првиот бран на тестирање.

Ниту еден од нив не покажа симптоми и многу брзо се опорави, но многумина се прашуваат зошто Барселона не го објави тоа јавно.