Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Се чини дека Челси и Јувентус стигнаа до последната фаза на преговорите, а Лампард ќе добие пари за два големи трансфери …
Јувентус ги исфрли сите карти за Жоргињо, без оглед дали Пјаниќ на крајот ќе заврши во Барселона. Сари го сака неговиот играч на теренот и Италијанците нудат размена, Федерико Бернадески би можел да замине во Лондон.
Фудбалерот на италијанската репрезентација вреди околу 40 милиони евра, тој би бил идеална замена за Вилијан, кој ќе го напушти клубот како слободен агент.
Педро заминува исто така, има понуда од Рома, иако повторно се споменува Јувентус, а Роман Абрамовиќ ќе го награди Лампард за добрата прва сезона со две засилувања.
Имено, рускиот тајкун е подготвен да инвестира пари во левиот бек, Бен Чилвел од Лестер. „Лисиците“ побараа околу 70 милиони, но по пандемијата, цените се пореални, така што овој одличен играч може да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за околу 60 милиони. Сити исто така го посакува, но тој повеќе би играл во Челси. Во тој случај, Лампард би го продал Емерсон Палмиери на Интер или Јувентус , кој сака да го напушти клубот во секој случај.
Второто засилување ќе биде во офанзивата и можеби клупскиот рекорд за „Плавите“.
Ако успеат да го доведат Санчо, тој ќе биде платен повеќе од Кепа, кој беше доведен за 80 милиони и сега е проблем затоа што Лампард не е задоволен од голманот. Покрај Санчо, опциите се Тимо Вернер од Лајпциг, неговиот тренер Нагелсман изјави дека нема шанси да го задржи. Ако Вернер замине во Ливерпул каде Клоп го очекува, Челси би можел да го наведе Каи Хаверц од Леверкузен или евентуално Муса Дембеле од Лион кој Французите ќе го продадат поради тешката финансиска состојба. Хаким Зијех веќе пристигна, Жиру го продолжи договорот за една година, а Абрамович побара од Лампард да се изјасни на кого не смета, за да се намали буџетот за платите.
Во моментов, освен Вилијан и Педро, чии договори истекуваат, Палмиери или Маркос Алонсо, Рос Баркли кој се уште „виси“ бидејќи се чека понуда од Њукасл, Лампард не смета на Бачуаи, Дринквотер, кој е на позајмица во Вила, Запакоста, Бакајоко, Баба Рахман, Мозес и голем број други играчи кои ќе се вратат во клубот, но некои може повторно ќе ги испратат на позајмица, или ќе ги продадат …









