Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се очекува Барселона да ја активира опцијата да го донесе во своите редови младиот фудбалер на Сао Пауло, Густаво Маиа.
Крилниот фудбалер веќе учи шпански јазик и се подготвува за трансфер во каталонскиот гигант.
Барселона претходно платила еден милион фунти за да може прва да преговара со Сао Пауло за неговите услуги, и сега ќе плати уште четири за дефинитивно да го донесе во своите редови.
За Густаво Маиа постои сериозен интерес и од Атлетико Мадрид и Ливерпул, но се верува дека Барселона дефинитивно ќе го обезбеди потписот на 19 годишниот крилен фудбалер.