„Дури и да се зарази некој возач, нема да ја прекинеме Ф1“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Генералниот директор на Формула 1, Чејс Кери кажа дека дури и да се зарази некој возач со Ковид-19, трките во „најбрзиот циркус“ во светот нема да се прекинат.

Тој на медиумите им се обрати во вторник, кога беше соопштен и распоредот на првите осум трки во сезоната, а првата ќе почне во Австрија на 5 јули.

„Имаме процедура која ќе ни овозможи позитивен тест на Ковид-19 да не се прекине Ф1. Ако биде заразен некој возач тимовите имаат резервни возачи. Доколку не може тимот да се натпреварува, тоа нема да биде причина да не се одржи трката“, кажа Кери.

Да потсетиме, Ф1 во март беше прекината, поради тоа што еден член на Мекларен беше позитивен на Ковид-19.