Интер потпишал со фудбалер на Панатинајкос


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Италијанскиот новинар специјализиран за трансфери ширум Европа, Џанлука Ди Марцио пренесува дека Интер договорил летно засилување.

Наводно италијанскиот клуб го договорил ангажманот на 18 годишниот фудбалер на Панатинајкос, Гиоргиос Вагианидис кој блескал во у20 тимот на Грците.

Вагианидис има и настапи за првиот тим на Панатинајкос,а импресивен бил на средбата против Панетоликос кога за 60 минути поминати на теренот постигнал еден погодок, а имал и една асистенција.

Интер за неговите услуги на Панатинајкос ќе му плати околу 400.000 евра.