Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамидиќ, како и целото раководство на клубот, се соочија со голем предизвик.
Вездите на тимот од Минхен, Давид Алаба и Тиаго Алкантара, сè уште не ја продолжија соработката со клубот и наводно се подготвени да ја променат клубската средината на ова лето.
За двајцата играчи нивниот договор со Баерн истекува во летото 2021. година. Преговорите за продолжување на соработката не одат во вистинската насока, а играчите наводно сакаат нови предизвици.
Сепак, Баерн не сака да се откаже од нив, барем не ова лето. Ќе се обидат да ги задржат ова лето и според Кикер ќе направат се што можат за да ги задржат во дресот на Баерн и следната сезона.
Ќе видиме дали на крајот Баерн ќе успеат да договорат двоецот да остане во нивните редови. Тие се обврзани со договор, но фактот дека им истекуваат нивните договори малку ја комплицира ситуацијата.
Алаба и Тијаго претходно се поврзуваа со многу великани како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед …