Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кевин МекБрајд го пензионира легендарниот Мајк Тајсон во 2005. година.
Ирскиот боксер го совлада Тајсон на 11. јуни 2005. година со прекин во шестата рунда и со тоа ја заврши кариерата на најмладиот светски шампион во историјата на тешка категорија.
МекБрајд од друга страна ја заврши кариерата шест години подоцна. Тој не заработи премногу пари од боксот, па мораше да се сврти кон други извори на приход.
Денес, тој живее во Соединетите Држави и работи како дрвосечач, но ужива во Бостон со сопругата и двете деца.
“Јас работам како дрвосечач. Јас сечам дрвја, расчистувам снег и слично. Моја работа е да ги соберам работите и да ги тргнам. Јас сум апсолутно среќен во таа работа”, изјави поранешниот боксер за Дејли меил и се сеќава на натпреварот против славниот Тајсон.
“Кога и да го спомнат, зборуваат за момчето што го победи. Ми се допаѓа. Не го гледам нашиот натпревар често, но неодамна го гледав видеото на Фејсбук. Соништата се остваруваат, зарем не?”, вели МекБрајд.
Сепак, иако тој не заработи премногу пари МекБрајд тврди дека е големо нешто што бил во рингот со таков боксер.
“Најголемото е само да се биде во рингот со Тајсон, а камо ли да го победам. Знаев дека не е вистинскиот Мајк, затоа го победив. Се сеќавам кога ме удри во шестата рунда. Беше толку јако што ги чувствував џуџињата како удариаат на тапаните во мојата глава. Го прашав дали е тоа сè што можеш да направиш. Тој ја зграпчи мојата рака и се обиде да ми ја скрши “, вели МекБрајд.
Тајсон имаше обид за гризање уште еднаш.
“Почувствував нешто после тие провокации. Тој се обиде да ја гризне брадавицата и да му се заблагодарам на Бога што имаше заштитна гума за заби, затоа што денес ќе бев Ирец со една брадавица”.
Ирецот ја заврши професионалната кариера со сооднос од 35 победи, 10 порази и едно реми. Повеќето од поразите дојдоа во самиот крај на неговата кариера.