Челси фаворит за потписот на „новиот Роналдо“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Челси се фаворити за ангажман на младиот напаѓач на Сантос, Каио Жорге кој е посочен како „новиот Роналдо“.

18 годишниот фудбалер со своите настапи го привлече вниманието на големите европски клубови меѓу кои освен Челси се и Јувентус и Баер Леверкузен.

„Кикер“ пренесува дека англискиот клуб во моментов е фаворит за ангажман на играчот и веројатно ќе стигне до неговиот потпис ова лето.

Младиот Жорге е претставуван од истиот агент кој ги донесе Давид Луиз и Оскар во Челси, Џулијано Бертолучи.