„Федерер најдобар во историјата? Не е ниту втор, Ѓоковиќ е дефинитвно прв!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тениската легенда и шампион на Вимблдон од 1987 година, Пет Кеш се вклучи во дебатата која е актуелна во тенисот сезонава, а тоа е кој е најдобар тенисер во историјата.

Мислењата се различни, а откако Новак Ѓоковиќ им се приближи на Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на гренслем-титули, дебата стана уште поактуелна.

Секој има свои аргументи, но и понатаму главниот го има Роџер Федерер, зашто има 20 гренслем-титули, Надал има 19, а Ѓоковиќ 17.

„Сите зборуваат дека Федерер е најдобар во историјата, но тој не е ниту втор. Тешко може да се поверува во тоа. Кој и да е најдобар, мора да има позитивен меѓусебен резултат против двајцата најголеми ривали. Ѓоковиќ има подобар резултат и им се приближи во гренслем-трофеи, за мене тој е најдобар“, кажа Кеш.