Дисингер: Требаше чудо за да останам во Вардар, и токму тоа се случи!

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер вчера во интервју за германските медиуми откри дека ќе остане во европскиот шампион Вардар.

Германецот кажа дека се договорил со новата управата на „црвено-црните“ и му се допаднал новиот проект на Михајло Михајловски.

„Кажав дека чудо ќе ме задржи во Вардар и следната сезона, и токму тоа се случи тука. Тешко беше да не се зема плата со месеци, сепак најважно беше тоа што сме сложни и што не се скаравме. Се договорив со мојот менаџер и новиот претседател на клубот, Михајло Михајловски за да останам барем уште една сезона во Вардар“, кажа германскиот ракометар.