„Герет Бејл има необична генетика, тој е најдобриот спортист што сум го видел досега“

Поранешниот лекар на клубот на Реал Мадрид, Хесус Олмо, зборуваше пред шпанското списание Идеал за предизвиците со кои се соочил во текот на неговата кариера во спортот, како и за индивидуалните играчи.

Тој особено го истакна Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, кого го смета „веројатно најдобриот спортист што го видел досега“.

Герет Бејл во комбинација на физички предиспозиции и фудбалски знаења заработи астрономски трансфер во Реал Мадрид. Сепак, Велшанецот никогаш не се вклопи во Реал и тој веќе некое време е целосно во втор план.

Сепак, тоа нема никаква врска со она за што зборуваше Олмо.

„Веројатно најдобриот спортист што сум го видел е Герет Бејл“, рече Олмо и додаде:

„Тој е природен спортист кој може да се занимава скоро во секој спорт. Тој поседува необична генетика, атлетска способност и јас би рекол техничка вештина“.

И навистина, Бејл е висок, силен и извонредно брз, и без повреди и други проблеми што го придружуваат во текот на неговата кариера, тој имаше потенцијал да стане еден од најдобрите во светот.