И „Скај Спортс“ потврди: Челси го сака Хаверц, ќе преговара и со двајца англиски репрезентативци


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Речиси сите признати спортски медиуми јавуваат дека Челси освен Тимо Вернер кој веќе е е договорен го посакува и фудбалерот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

20 годишниот офанзивец е трансфер цел и на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, меѓутоа Челси прв ќе повлече нога и во овој случај и ќе испрати понуда за Хаверц.

„Скај Спортс“ пишува дека Роман Абрамович е подготвен да му понуди значителен број на пари на Френк Лампард за составување на респектабилен тим за следната сезона.

Хаким Зијеш веќе е договорен, а се верува дека по комплетирањето на трансферите на Вернер и евентуално Хаверц, Челси ќе тргне по услугите на Бен Чилвел и Деклан Рајс.