Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ЕСПН“ пренесува дека гигантот од Аргентина, Бока Јуниорс сериозно се заинтересирал за Маркос Рохо од Манчестер Јунајтед.
Рохо во јануари се врати во Аргентина каде потпиша за Естудијантес каде настапува како позајмен фудбалер.
Сепак, од клубот веројатно нема да го откупат неговиот договор откако неколкупати ги прекрши клупските правила за време на корона кризата.
Бока Јуниорс е подготвена да издвои од 12 до 15 милиони фунти за неговите услуги, сума која и тоа како е прифатлива за Манчестер Јунајтед.
Оле Гунар Солскјер веќе ја пронашол замената за Маркос Рохо во играчот од младинскиот табор, Дишон Бернард кој догодина ќе добива нешто повеќе шанса во првиот тим.