Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипите на Левнате и Севилја ги поделија бодовите откако вечерва одиграа без победник, 1:1.
Во еден интересен натпревар Леванте од пораз слично како и против Валенсија се вадеше во последните моменти од натпреварот.
Севилја дојде до предност со голот на Лук Де Јонг во 46. минута на асистенција на Мунир Ел Хабдади.
Израмнувачкиот погодок кој донесе голема радост за Леванте си го постигна играчот на Севилја, Диего Карлос кој несреќно го совлада својот голман.
Енис Барди натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 61. минута кога го замени Никола Вукчевиќ