Вернер нема да игра за Лајпциг во Лигата на шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимо Вернер нема да игра за тимот на Лајпциг кога Лигата на шампионите ќе се врати во август.

Германскиот интернационалец се очекува во следниот период да си оди од бундеслигашкиот клуб за да се пресели во редовите на Челси со кого веќе се има договорено.

„Скај Германија“ пренесува дека се очекува Вернер и  официјално да стане играч на Челси кон средината на јули пред да земе неколку недели пауза пред почетокот на новата сезона.

Лајпциг се квалификуваше во четвртфиналето откако го елиминираше тимот на Тотенхем во осминафиналната фаза.