Манчестер Сити без никаков проблем го совлада Арсенал по враќањето на Премиер лигата


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити славеше со 3:0 на натпреварот против тимот на Арсенал со кој го обележаа враќањето на Премиер лигата.

„Граѓаните“ очекувано диктираа темпо  во текот на целиот натпревар, но во првиот дел тешко можеа да го скршат отпорот на гостинскиот тим.

Тоа се случи во финишот на првиот дел кога Давид Луиз нарпави голема грешка која му овозможи на Стерлинг да го совлада Лено.

Во вториот дел катастрофално уште еднаш реагираше Давид Луиз кој направи пенал и заработи директен црвен картон.

Сигурено реализатор на пеналот беше Кевин Де Брајн, додека последниот погодок го постигна Фил Фоден.