Голманот на Наполи беше еден од синоќешните херои, но по мечот се поклони на големиот Џиџи

Еден од хероите на Наполи во синоќешниот триумф против Јувентус беше голманот Алекс Мерет.

Тој, меѓу другото, одбрани еден пенал во пенал серијата, а освен тоа, во текот на сите 90 минути, тој беше многу сигурен и имаше неколку добри одбрани.

После натпреварот, тој не сакаше да се издвојува во преден план, но рече дека Џанлуиџи Буфон сепак е број 1 за него. Ветеранот на Јувентус синоќа одигра маестрален натпревар, кој го пофали неговиот 19-годишен помлад колега.

“Џиџи е сеуште број 1, тој го докажа вечерва со три или четири фантастични одбрани. За мене е чест да играм против некој кој беше и сè уште е мојот идол, така што сето ова е уште повеќе посебно за мене”, рече тој 23 -годишен Мерет.

Тој вели дека следново за самиот натпревар и освоен трофеј:

“Ова е многу возбудливо. Мислам дека имавме одлично патување. Дадовме се од себе од првата до последната минута. Јас сум многу горд што сум дел од тим како овој. Тренерот и претседателот исто така рекоа дека се горди на нас”, додаде тој.

Патем, за Наполи, ова беше шести трофеј во Купот на Италија и прв по шест години.