Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот прволигашки клуб Ница го објави вчера трансферот на талентираниот Австриец Флавиус Данилук во клубот.
Данилук, стамениот 19-годишник, веќе потпиша договор, но и официјално ќе стане нов фудбалер на Ница од први јули.
Младиот фудбалер, наводно, пристигнал во Ница во текот на неделата и беше подложен на лекарски прегледи што вклучуваше ригорозни тестови за коронавирус.
Француските медиуми пишуваат дека Данилук потпишал долгорочен договор со Ница, иако не се знае дали тој веднаш ќе добие шанса во првиот тим.
L’#OGCNice est heureux d’annoncer la signature de Flavius Daniliuc. Le défenseur de 19 ans arrive en provenance du @FCBayernhttps://t.co/h0bIzTSI2W
— OGC Nice (@ogcnice) June 18, 2020
Флавиус Данилук, стопер, важеше за голема надеж за Баерн, па тој беше и капитен на У19 тимот на баварските гиганти. Сепак, тој сега ќе ја гради својата кариера во Франција.