Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најталентираните играчи од средниот ред во светот, Марко Асенсио, се врати на терените синоќа по пауза од скоро една година.
Тој постигна гол и забележа асистенција во победата на Реал Мадрид против Валенсија.
После натпреварот, тој рече дека е убаво чувство да се вратиме на теренот после толку долга пауза.
“Јас сум многу возбуден што се вратив. Имаше многу работа зад сцената за да се подготвам за овој момент. Јас сум многу среќен што повторно играм и повторно постигнав голови и помогнав на тимот да победи”, вели Асенсио, додавајќи:
“Чекав долго да се вратам. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваа додека се опоравував. Фудбалерите на Реал Мадрид, тренерот и медицинскиот персонал.”
Патем, на Асенсио му беа потребни само 16 минути поминати на теренот за гол и асистенција.
Неговиот Реал Мадрид повторно е на два бода зад Барселона. Каталонците вечерва гостуваат во Севилја и во случај на грешка, вратата се отвора за Реал за првото место.