Солскјер со големо изненадување во стартната постава за дуелот со Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем се радуваат на денешниот ден затоа што нивните клубови конечно, по 100 дена чекање се враќаат на зелените терени.

Фановите на Јунајтед очекуваа да ги видат Пога и Бруно Фернандеш за прв пат заедно во тимот, меѓутоа Оле Гунар Солскјер има поинакви планови.

Имено, Норвежанецот се реши натпреварот со Тотенхем да го започне без Пол Погба кој е на клупата за резервни фудбалери.

Во средината на теренот на Фернандеш друштво ќе му прават Мектомини и Фред, додека ударна игла во нападот повторно ќе им биде Рашфорд.

Мурињо, пак, натпреварот го започнува без своите најдобри стопери Тоби Алдервилд и Јан Вертонген кои се на клупата за резервни фудбалери.