Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ремизираа на „Вајт Харт Лејн“ во денешниот натпревар од 30. коло од Премиер лигата.
Во еден натпревар во кој двете страни беа доста претпазливи, Тотенхем прв дојде до водство со голот на Стивен Бергвајн кој со топовски удар го матираше Де Геа по грешката на Мегваер.
Јунајтед ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, имаше и повеќе зрели шанси, но за гол за израмнување чекаше до самиот финиш.
Пол Погба беше фаулиран во казнениот простор од Ерик Даер, а Џонатан Мос покажа на белата точка.
Сигурен егзекутор на пеналот беше Бруно Фернандеш кој го постави конечниот резултат.