Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден ден откако беше откажано финалето на „Адриа Тур“ во Задар затоа што Григор Димитров имаше позитивен тест на Ковид-19, контроверзниот Ник Кирјос се обрати преку социјалните мрежи.
Кирјос ги дочека своите „пет минути“ и распали по најдобриот тенисер во светот.
„Ова беше тврдоглава одлука да се почне со натпреварите. Ви посакувам брзо оздравување момци, но тоа случува кога ќе ги прекршите протоколите. Ова не е шега!“, напиша Кирјос.
Тој пораката ја објави и реагираше на објавата на Борна Чориќ, кој призна дека исто така е позитивен на Ковид-19.
И Чориќ беше во Задар, каде што во неделата требаше да се одигра финалето на хуманитарниот турнир, но за жал тоа беше одложено поради вирусот.