ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓
Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ и директор на турнирот „Адриа Тур“ во Задар, не е заразен со коронавирус, барем така покажа најновиот тест.
Иванишевиќ беше веднаш тестиран откако беше објавено дека Григор Димитров е позитивен на тестот. Тренерот беше тестиран и пред неколку дена, но сега мораше повторно да оди на тест.
„Направив тест на Ковид-19 во Задар, резултатите се негативни, како што беа и на тие пред пет дена. На сите заразени им посакувам побрзо да оздрават, а сите кои беа во контакт со нив ги повикувам да ги почитуваат правилата“, кажа Иванишевиќ.
Зверев претходно беше негативен на тестот, баш како и Марин Чилиќ и Андреј Рубљев.