Одлична асистенција на Бернардески, супер гол на Дибала: Јуве славеше на гостувањето кај Болоња (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Јувентус славеше победа од 2:0 на гостувањето кај Болоња во првиот натпревар по рестартирањето на Серија А.

Актуелниот лидер во италијанскиот шампионат победата ја обезбеди со два погодоци постигнати во првото полувреме.

Кристијано Роналдо го отвори резултатот уште во 23. минута од натпреварот кога сигурно реализираше удар од белата точка.

На 2:0 зголеми Пауло Дибала кој на одличен начин ја искористи прекрасната асистенција на Бернардески и зголеми на 2:0.

До крајот на натпреварот немаше погодоци, па Јувентус ги прокнижи трите бода од средбата и наби дополнителен притисок на Лацио кој ќе мора да слави на тешкото госутвање кај Аталанта за два дена доколку сака да остане во трка за титулата.