Тренерот на Вавринка со низа критики кон Ѓоковиќ: „Не може пониско од ова“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Критките врз Новак Ѓоковиќ и неговиот тим продолжуваат.

Фијаско на добро смислениот турнир организиран од српскиот тенисер предизвикува реакции од целиот свет, а сè беше дополнително „запалено“ од таткото на Ѓоковиќ, Срѓан, кој го впери прстот кон Григор Димитров.

Имено, тој изјави дека Бугаринот е виновен за сето она што се случи затоа што тој дојде на турнирот, без да биде тестиран, а тоа стигна и до и тренерот на Стен Вавринка.

Откако зборовите на постариот Ѓоковиќ ги пренесе новинарот на англискиот Телеграф Симон Бригс, Валверд на Твитер напиша:

„Ве молам, не му оставајте повеќе простор отколку што заслужува. Пониско од она што тој го кажа не може“.

Валверд порано беше тренер на Димитров, а соработуваше и со Енди Мареј, Томас Бердих …