Се знае што прави Серхио Рамос додека останатите фудаблери на Реал имаат слободен ден (ВИДЕО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид по продолжение на сезоната успеаа да го преземат врвот во Ла Лига, откако го искористија киксот на Барселона.

„Кралевите“ конечно сакаат да ја освојат титулата во Шпанија на која чекаат неколку години и очигледно се мотивирани да го направат тоа.

Играчите на Реал добро влегоа во продолжение на сезоната, а тоа посебно се однесува на Серхио Рамос, кој игра во фантастична форма.

На мечот против Мајорка, Рамос ги воодушеви сите со погодок, па покажа дека има уште неколку добри години во светот на фудбалот.

Рамос објави видео од теретана и покажа дека вредно тренира и кога фудбалерите на Реал ќе добијат слободен ден.